Покрај ангажман на нови засилувања, ГРК Охрид го продолжи договорот со петмина досегашни свои стандардни првотимци, кои се обврзаа на верност кон клубот до 2026 година.
На тој начин Охрид продолжува со градењето на силна екипа која ќе цели високо до крајот на сезоната.
Договорите со охриѓани ги продолжија капитенот Иван Тасески, најголемиот талент и иднина на охридскиот ракомет, Никола Шипинкоски, потоа Гал Цирар, најдобриот стрелец на ГРК Охрид, како и МВП пивотот од претходната сезона, Владимир Бојаниќ, и столбот на одбраната, Милорад Кукоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА