Благојче Трајковски, Бојан Спасовски и Лазар Адамовиќ и во наредната сезона ќе настапуваат во дресот на Охрид. Тројцата ракометари потпишаа нови договори со охридскиот суперлигаш и ја продолжуваат соработката и во следната сезона.
Претходно, раководството на РК Охрид потпиша нови договори и со хрватските интернационалци Јосип Кезиќ и Марко Кобетиќ, со крилото Бобан Блажевски и со голманот Александар Стојановски. Со овие нови договори, охриѓани го зачувуваат костурот на тимот кој сезонава заврши на првото место во регуларниот дел од сезоната во македонската Супер лига и во плеј-офот избори настап во европските купови за следната сезона.
Викендов РК Охрид ќе настапи во завршницата од Купот на Македонија што ќе се одигра во салата „Младост“ во Битола. Во полуфиналето охриѓани за противник го имаат Еурофарм Работник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА