Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го изненадија фаворизираниот Бутел во 2. коло од Суперлигата, триумфирајќи на домашен терен со 30-27.
Битолчани сосема заслужено стигнаа до победата која ја најавија уште во првото полувреме во кое комплетно доминираа. Еурофарм Пелистер 2 до прво водство дојде во 18. минута за 9-8, а потоа на полувремето заокружи со 17-15.
Во второто полувреме се одржуваше таа предност за конечна победа. Најефикасни во составот на Еурофарм Пелистер 2 беа Павле Атанасијевиќ со седум гола и Милан Ѓукиќ со шест погодоци. Кај Бутел Скопје се издвои Златко Мојсоски со десет гола, а по пет постигнаа Мајиќ и Тот.
Ракометарите на Охрид, пак, го добија езерското дерби триумфирајќи против Струга на гостински терен со 19-21. Во главно израмнет натпревар во кој првото полувреме заврши со 11-11, на крај охриѓани сосема заслужено дојдоа до победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА