Ракометарите на Охрид продолжија со максималниот учинок во домашниот шампионат откако успеаја да слават во второто „езерско дерби“ сезонава против Струга на гости со 18-20.
Израмнет натпревар во кој одбраните на двата тима беа во прв план. Воведот му припадна на тимот на Охрид кој имаше предност и од плус четири 1-5, по што стружани успеаја да се вратат и во текот на целиот меч да бидат во егал со фаворитот. Сепак, во финишот охриѓани беа посконцетрирани и успеаја да стигнат до конечен триумф од 18-20.
Денис Тот со 8 гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Игор Илиевски заврши со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА