Ракометарите на Охрид стартуваа со победа во плеј-офот од машката ракометна Супер лига. Лидерот на табелата по регуларниот дел од сезоната во Супер лигата, на домашен терен славеше против Еурофарм Работник со 28-23.
Иако настапија ослабени без Јовица Младеновски, избраниците на тренерот Горан Андоновски сепак, успеаја да ја израдуваат охридската публика со прв триумф во плеј-офот.
Охриѓани по првото полувреме имаа два гола негатива (11-13), но во вториот дел направија комплетен пресврт и стигнаа до значајна победа. Ова е прв триумф на Охрид во трите дуели со Еурофрам оваа сезона.
Во вториот натпревар од првото коло, Пелистер славеше победа на гостувањето во Велес против Борец со 29-33. Битолскиот тим имаше минимална предност по првото полувреме (16-17). И покрај обидите на домашниот тим да фати приклучок, Пелистер успеа да ја задржи предноста и да триумфира.
Во последниот натпревар од првото коло во плеј-офот, утре (18 ч.) во Автокоманда се сретнуваат Металург и Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА