Охрид ја продолжи перфектната низа во Суперлигата откако во 4. коло славеше и над Тиквеш со убедливи 40-20. Охриѓани важеа за фаворити на денешната пресметка и улогата ја потврдија со доминантна игра од самиот почеток до крај.
Мини-сериите му донесоа на Охрид предност уште од воведот на мечот, а како што минуваа минутите се зголемуваше предноста на домашниот состав за 21-12 на полувремето. „Сино-белите“ ја забележаа и првата двоцифрена предност уште на самиот страт на вторите 30. минути (22-12), а со константна игра не само што ја задржаа истата, туку и ја дополнија за мирен финиш.
Јукиќ со 9 голови беше прво име кај Охрид, а Мијатовиќ постигна 6 за Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА