Ракометарите на Охрид триумфираа против Алкалоид со 28-24 во дербито на 11. коло од Суперлигата на Македонија.
На дуелот кој се играше во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, охриѓани сосема заслужено дојдоа до победата која им беше осигурана со одлично одиграното прво полувреме кое го добија со 17-11.
Во вториот дел, Алкалоид се врати во игра, наметна далеку посериозен ритам и во одбраната и во нападот па се обиде да дојде до пресврт. Сепак, расположените домашни ракометари не дозволија никакво изненадување во вториот дел, успеаја да го контролираат резултатот на крај за заслужена победа од 28-24.
Најефикасен во победничкиот тим беше Тилен Стрмљан со 11 гола, а Анте Иванковиќ заврши со седум погодоци. Кај Алкалоид, Дамјан Митев имаше шест гола од седум обиди, а Марко Митев заврши со пет гола од пет обиди.
Охрид ја запиша и осмата победа досега во шампионатот, доаѓајќи до 17 бода, на табелата, сега со само еден бод заостанување зад третопласираниот Алкалоид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

