Кошаркарите на Охрид дојдоа до својата втора победа сезонава во Првата македонска кошаркарска лига триумфирајќи во 12. коло против Вардар со 89-81.
Долго охриѓани немаа победа во првенството за да денеска на домашен терен сосема заслужено стигнат до триумфот против „вардарци“ кои потклекнаа во последниот период од играта.
Максимално израмнето се играше три четвртина. На полувремето Охрид замина со предност од само еден поен (45-44), а во последната четвртина се влезе со израмнети 65-65.
Сепак, во последната четвртина одлична игра на домашните во одбраната, „вардарци“ беа задржани на само 16 постигнати поени и на крај за конечна победа на Охрид од 89-81.
Најдобар кај Охрид беше Лајонс со „дабл-дабл“ ефект од 22 поени и 11 скока, Волканоски постигна 15 поени и седум скока, а Димовски заврши со 14 поени. Кај Вардар по 21 поен постигнаа Атанасов и Наков.
Охрид сега се израмни на последните две позиции на табелата со ФМП Академија, со по две победи, а Вардар има три победи и 9 порази во 12 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА