Раде Стојановиќ продолжува со екипирањето на квалитетен ростер во Охрид за следната натпреварувачка сезона, откако денеска беше потпишан договор со Мартин Манасков. Левиот бек пристигнува од таборот на Пролет, каде ги мина последните две сезони, но летово реши да ги промени клупските бои.
Покрај 25-годишниот Манасков, охриѓани се надеваат дека наскоро ќе го обезбедат и потписот на Грузиецот Лексо Цителишвили, кој чека на одлуката на Арбитражната Комисија по неговото барање за раскин на договорот со Струга.
Охриѓани претходно потпишаа нови договори со Крсте Андоновски, Борче Соколов, Бобан Блажески, Иван Тасески и Јагош Брауновиќ, а како нови засилувања пред Манасков ангажирани беа голманот Никола Данилоски, пивотот Кристијан Анастасовски и десниот бек Дејан Гошески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА