Со дербито меѓу Охрид и Пелистер, денеска (18 ч.) во салата „Билјанини извори“, стартува пролетниот дел од првенството во ракометната Супер лига. До крајот на регуларниот дел од суперлигашката сезона остануваат уште три кола, а денешниот дуел меѓу Охрид и Пелистер дитректно решава за првото место на табелата. Пелистерци презимија на лидерската позција со 34 бода, а Охрид е втор со 31 бод.
Првиот дуел меѓу двете водечки екипи во суперлигашкото првенство заврши без победник (26-26), а изедначен и неизвесен натпревар се очекува и денеска во Охрид.
„Охрид и Пелистер се екипи на исто рамниште, изедначени според квалитетот. За тоа говори и првиот дуел во Битола кој заврши без победник иако и двата тима имаа свои моменти на тој натпревар. Изедначено и неизвесно ќе биде и денеска, но овој пат ние имаме мала предност бидејќи ќе играме на домашен терен пред охридската публика. Дуелот со Пелистер за нас ќе биде генерална проверка за претстојните мечеви што не очекуваат во плејофот“ – истакнува левиот бек на Охрид, Јовица Младеновски.
Во другите натпревари од 15.коло во Супер лигата, денеска (19.30 ч.), Металург јуниор го пречекува Еурофарм Работник, утре (18.30 ч.) е дуелот меѓу Радовиш и пролет, а в недела играат: Работнички – Прилеп (12.00 ч.) и Борец – Вардар јуниор (19.00 ч.)
Табела: Пелистер 34, Охрид 31, Еурофарм Работник 28, Борец 23, Прилеп 20, Радовиш 19, Пролет 19, Металург јуниор 18, Вардар јуниор 11, Работнички 0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА