Ракометниот суперлигаш Охрид денеска и официјално го промовираше Михајло Младеновиќ како засилување за клучниот дел од сезоната, во кој охриѓани ги очекува борба за излез во ракометна Европа.
Станува збор за бек кој пристигнува од редовите на Металург. Михајловиќ раскина со „металурзите“ минатиот месец по што веднаш беше најавено дека Охрид ќе биде негова следна дестинација во кариерата. Трансферот малку се одложи бидејќи Михајловиќ беше дел од македонската експедиција на СП во Египет, но по враќањето назад во Македонија овој ракометар и официјално за првпат го облече дресот на Охрид.
Тимот на Раде Стојановиќ беше единствен што со максимален ефект во Супер-лигата обезбеди учество во плејофот, а со доаѓањето на Михајловиќ бековската линија на охриѓани уште повеќе ќе добие на квалитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА