Ракометарите на Охрид стигнаа до нов триумф во новата сезона во Суперлигата на Македонија, откако вечерва во последниот меч од осмата рунда на домашен терен славеа против Пролет со 32-29.
Охриѓани на крилата на домашните навивачи одиграа одлично во првото полувреме, па на пауза заминаа со позитива од четири гола 18-14. Иако гостите одиграа далеку подобро во вториот дел немаа сила за ништо повеќе од пораз од 32-29.
Гоце Ојлески со седум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените со ист број голови заврши Давор Палевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА