Охрид губи ли губи во АБА 2

Охриѓани се враќаат со тешок пораз од гостувањето во Вршац откако домаќините ја надминаа границата од 100 поени во натпреварот одигран во рамките од 14. коло на Втората АБА – лига, со конечни 111-79. Вршац ја оправда улогата на фаворит и по ова коло се наметна на третата позиција на табелата со 23 бода, додека Охрид и натаму е на самото дно со само еден единствен триумф (службен), во второто по ранг регионално натпреварување.

Домашните кошаркари ја осигураа победата веќе во првото полувреме (58-38), додека Охрид имаше своја епизода во третиот период откако го освои со 24-23, но немоќни во завршницата доживеаа неизбежен дебакл.

Ѓериќ и Глишиќ придонесоа во големата победа со по 24 поени, по нив Ѓорѓевиќ беше најефикасен со 17 поени. За македонскиот претставник како најефикасни се истканаа Рос со 32 поени и Јунаковиќ со 25 поени.

 

 

Се вчитува...