Екипта на Куманово забележа значајна победа во обидот да обезбеди место меѓу учесниците во Супер-лигата во домашниот кошаркатски шампионат. Славеше на домашен терен над Охрид со 77-69 во дуелот од 14.коло.
Кумановци ја одбранија победата за која изгледаше дека нема да треба многу да се мачат со оглед дека имаа висока позитива од над 20 поени рано во текот на средбата. Сепак во завршниот период, Охрид одигра фуриозно и со серија од 13-0 ја намали негативата од 21 на само осум поени. Сепак до крајот поискусниот состав на Куманово не дозволи изненадување на домашен паркет.
Филип Думиќ со со 16 и Банислав Ѓекиќ со 14 поени беа најефикасни кај Куманово. Стефан Младеновиќ со 19 поени беше прв стрелец во составот на Охрид.
За Куманово ова е 7 сезонската победа, има и шест порази и се пробива на шестата позиција на табелата. Охрид останува на осмото место со само три победи и 10 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА