Екипата на Охрид го претрпе првиот пораз во подготвителниот период летово откако „сино-белите“ загубија во последното коло од турнирот „Крсте Андоновски“ од хрватски Нексе со минимални 29-30. Сепак, минималниот пораз значеше и подобра гол-разлика и освојување на првото место во групата, со што охриѓани си закажаа финале против Е. Пелистер на турнирот на кој се домаќини.
Нексе беше подобар тим во голем дел од овој натпревар, доминирајќи пред се во првото полувреме што гостите од Хрватска го завршија со водство од 12-16. Ваков исход ќе им донесеше и прво место во групата, но Нексе не успеа да го издржи темпото, ракометарите на Охрид се вратија израмнувајќи на 21-21. Охриѓани имаа и „плус два“, завршницата сепак мина во знакот на тимот на Нексе кој стигна и до минимална победа, што сепак е доволна само за второ место во групата и дуел со Вардар во утрешното „мало финале“.
Финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ е закажаноз а утре со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

