Ракометарите на Охрид ја продолжија победничката серија, триумфирајќи над Бутел со 33-28, во 21. коло од машката ракометна Суперлига.
Се на дуелот беше решено уште во првото полувреме, и покрај тоа што домашните настапија со комбиниран тим. На паузата охриѓани имаа високи 17-11.
Во второто полувреме Ројевиќ продолжи со комбинации во тимот, но Бутел само успеа да го ублажи поразот.
Никола Ристески заврши со седум гола кај Охрид, како и Ален Ќосевски, а Стефан Петриќ постигна шест гола. Кај Бутел се издвои Димитар Узунчев со шест гола.
Во следното коло Бутел го чека натпревар против Тиквеш, додека Охрид гостува на Тинекс Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

