Охрид и Струга, екипи кои обезбедија влез во плејофот од ракометниот шампионат, планираат да ги засилат своите редови со ракометари од таборот на Металург. Или поточно кажано, „екс-металурзи“, со оглед на фактот дека станува збор за играчи кои денеска добија раскин на договорите со клубот од Автокоманда, Михајло Младеновиќ и Лука Вујовиќ.
Младеновиќ, кој настапува на бековската позиција, е блиску до продолжување на кариерата во Охрид, откако Раде Стојановиќ покажал интерес за да го доведе овој ракометар во својот тим. Станува збор за играч кој се најде на списокот на селекторот Брестовац за двомечот со Чиле, Младеновиќ не доби преголема минутажа во Металург сезонава, но се надева на позначајна улога во таборот на охриѓани.
Пивотот Вујовиќ исто така не се изнаигра во таборот на Металург, но по раскинот на договорот со поранешниот првак овој ракометар сега е пред потпис со Струга, клуб кој го освои третото место во групата и обезбеди пласман во плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА