Ракометарите на Охрид максимално ја оправдаа фаворитската улога во Групата Б на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2025“, па по денешната победа над турска Бурса веќе се првиот финалист на турнирот.
По вчерашната победа над домаќинот Струга, охриѓани денеска славеа против Бурса со 38-28 (16-13), и со две победи го освоија првото место во групата што ги води во финалето кое се игра во сабота (16 август).
Уште во првото полувреме беше јасно дека Охрид оди кон победата. Највисоката предност за охриѓани во првиот дел беше 13-8, а на полувреме се замина со 16-13.
Во вториот дел македонскиот тим имаше предност и од 12 гола, но на крајот и повеќе од доволни 38-28.
Гоце Ојлески со шест погодоци беше најефикасен кај Охрид, Иванковиќ постигна четири гола, а Градимир Чанески имаше осум одбрани и еден постигнат гол. Во турскиот тим најефикасен беше Ѓокај Билим со 10 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

