Ракометарите на Охрид се зацврстија на врвот од табелата во Суперлигата на Македонија откако и во второто коло од првенството триумфираа против Бутел со 26-23.
Охриѓани пред своите навивачи дојдоа до триумф против квалитетната екипа на Бутел која одржуваше резултатска неизвесност во текот на целиот натпревар.
Домашните на полувремето заминаа со предност од 11-9, за да во второто полувреме низ поактивен ритам ја зголемат предноста за конечна победа од 26-23.
Бутал, пак, по триумфот на стартот од сезоната го доживеаја првиот пораз.
ГРК ОХРИД – БУТЕЛ 26-23 (11-9)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА