Охрид лесно го реши Тиквеш

Ракометарите на Охрид лесно се справија со предизвикот во Супер-лигата наречен Тиквеш. На крајот домашниот тим славеше триумф со 37-20.

Гостите имаа сили само за едно полувреме, и добро се држеа, а Охрид се стекна со предност од само пет гола разлика (19-14).

Во вториот дел охриѓани притиснаа уште посилно, и на крајот славеа убедлив триумф.

Дебитантот Јасихура, Савревски и Ќосевски беа најефикасни со по шест голови кај победничкиот тим. Стојановски и Мијушковиќ кај Тиквеш беа најдобри со пет голови.

Се вчитува...