Екипата на Охрид загуби на гостувањето против поранешниот европски шампион Металопластика кој се одигра денеска во Шабац.
Металопластика триумфираше со 33-31 во максимално израмнет натпевар во кој охриѓани на полувремето имаа и предност од 16-17.
Најефикасен кај Охрид беше Орјоникидзе со 8 гола, Цирар постигна 7 погодоци, а со по четири гола завршија Јукиќ и Шешиќ.
ГРК Охрид на подготовките во Србија ќе одигра уште пет натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА