Кошаркарите на Охрид многу потешко од очекувањата стигнаа до победа над Кожув (86-71), будејќи се во второто полувреме за да не дозволат изненадување против еден од најслабите тимови во елитното кошаркарско друштво. Кожув уште еднаш се покажа во солидно светло додека тимот од Гевгелија имаше сили, но и уште еднаш имаше огромен пад во второто полувреме, што резултираше со убедлив пораз.
Гостите од Гевгелија одиграа одлично прво полувреме (35-40), а потоа во 25. минута Кожув поведе и со 40-53. Сепак, домашниот тим конечно се разбуди, па од тој момент до крајот на четвртината направија серија од 18-3, а потоа целосно доминираше и до самиот финиш на средбата, на крајот триумфирајќи со 15 поени разлика.
Крег беше прв стрелец на охриѓани со 24 поени, Бери постигна 18, додека во главна улога кај Кожув беа Пековиќ со 23 и Мишковиќ со 15 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА