Охрид не запира: Се засили и со грчки репрезентативец

Грчкиот ракометар Николаос Лиапис е новото засилување за ГРК Охрид. Тој во таборот на Охрид доаѓа од тимот на Олимпијакос, каде што ја почнал својата кариера. Има 25 години и игра на позицијата пивот.

Лиапис е актуелен грчки репрезентативец како прв пивот, а во минатото играше и за АЕК и Адемар Леон. Тој ќе биде засилување на тимот од идната сезона.

„Среќен сум што ќе се приклучам на тимот од следната сезона. Возбуден сум што ќе бидам дел од овој нов голем проект. Тимот ми ги презентираше новите амбиции кои се високи , и подготвен сум да работам посветено за да ги постигнеме нашите цели. Едвај чекам да се видиме на терен“, рече Лиапис.

Се вчитува...