Охрид останува перфектен во Супер-лигата

Охрид останува перфектен во својата група во Супер-лигата откако тимот на Раде Стојановиќ вечерва убедливо го совлада Астраион со 34-19. Одличното издание на охриѓани е одлична најава за нивното гостување во Скопје и дербито со Пролет што ќе биде на програмата следната недела.

Победникот на денешниот натпревар беше решен на самиот почеток, откако за десетина минути домаќините поведоа со 9-2. Избраниците на Стојановиќ не застанаа, туку продолжија да го полнат противничкиот гол, на полувреме заминаа со предност од 17-7, за до крајот позитивата да ја зголемат до конечните „плус 15“.

Николовс, Тасески и Кривокапиќ постигнаа по пет гола за охриѓани, во чии редови добар настап имаа и голманите Даниловски и Тутенкоски со вкупно 14 интервенции.

Се вчитува...