Охрид пак супериорен, на чекор до нова фаза во ЕХФ Европа купот

Екипата на Охрид чекори сигурно во ЕХФ Европа купот откако „сино-белите“ вечерва стигнаа до уште една убедлива победа, славејќи со убедливи 37-19  на првиот дуел од двомечот со Слога Добој. Македонскиот тим одигра импресивни 60 минути во кои го реши победникот од овој двомеч пред реваншот што следниот викенд ќе се игра во БиХ, јасен доказ за големите амбиции со кои охриѓани влегоа во новата сезона.

Гостите парираа само до 4-3, по што Охрид влезе во серија, даде четири гола во серија и поведе со 8-3, а потоа го заврши првото полувреме со уште поубедливи 16-8 со головите на Јагуринновски и на Лиапис. Тоа беше најаава за апсолутната доминација во вториот период во кој во 46. минута стигна и првото двоцифрено водство преку Стрмљан 26-16, по што македонскиот тим продолжи со одличното издание до победата изразена со конечните „плус 18“.

Петриќ и Ѓукиќ беа најефикасни во таборот на Охрид со по осум гола, а шест постигна репрезенативецот Јагуриновски.

Реваншот од овој двомеч се игра следниот викенд во Добој и ќе биде само рутина за македонскиот тим да го визира пласманот за следната европска рунда.

Се вчитува...