Охрид веќе го договори доаѓањето на Борис Ројевиќ како нов тренер од следната сезона, а српскиот стратег веќе работи напорно на екипирање на играчкиот кадар.
„Балкан хендбол“ попладнево објави дека од Хановер во Охрид ќе се пресели Словенецот Тилен Стрмљен, а вечерва стигнува нова вест поврзана со трансфер-активност на овој македонски суперлигаш. Како што јавува српски „Моцарт Спорт“, Ројевиќ успеал да издејствува со себе да го доведе сонародникот Предраг Вејин, кој би требало да биде многу важен играч во ротацијата на Охрид следната сезона.
Векин во 2017 кратко беше член на Металург, а 32-годишниот десен бек моментно настапува во Олимијакос, клуб со кој има договор до крајот на сезонава, по што ќе се врати назад во мак-ракометот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

