Македонскиот прволигаш Охрид ја забележа првата победа во рамките од АБА2, и тоа службено откако екипата на Босна го откажа натпреварот против охриѓани што беше закажан за денеска. Причина е огромната криза на босанскиот клуб, чија егзистенција е сериозно доведена во прашање.
Раководството на АБА2 ја потврди оваа информација на својата веб-страница, потсетувајќи и на пропозициите кои велат дека уште еден ваков престап ќе значи и исклучување на Босна од регионалното натпреварување.
„Согласно член 71.1.а. од Пропозициите за натпреварување, натпреварот ќе биде регистриран со резултат 20-0 за Охрид, додека Босна нема да добие ниту бод за поразот. Исто така, Босна е казната со 5.000 евра. Ако истиот престап биде повторен, Босна ќе биде казнета со 10.000 евра и автоматски исклучена од натпреварувањето“ – соопштија челниците на АБА2 лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА