Ракометарите на Охрид загубија на гостувањето во Битола запишувајќи го и третиот пораз во плејоф мечевите од Првата македонска ракометна лига. Охриѓани во шестата рунда загубија од Еурофарм Работник со 28-22 (11-10).„Фармацевтите“ со трите освоени бодови се изедначија со 9 бода на втората позиција на табелата со Охрид, и со Вардар, кој има и два натпревари помалку. На врвот е Металург со максимални 15 бода, од пет одиграни натпревари.Работник до триумфот стигна во финишот на мечот, откако сосема израмнето мина првиот дел. Клучната предноста домашните ја направија на почетокот од 45. минута, за да веќе на седум минути пред крајот се стигне и до предност од 23-17. Тоа веќе значеше победа на Еурофарм Работник против охриѓани кои одиграа далеку под своето ниво.Во следното коло Охрид гостува на последнопласираниот Борец во Велес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА