Ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до гостинска победа над Охрид од 25-27. во меч од шестото коло во ракометната Суперлига на Македонија. Домаќините одиграа одлично во текот на целиот натпревар и само нијанси ги делеа од голема сензација.
Охриѓани одлично го отворија мечот и во првото полувреме во еден момент имаа предност и од плус четири 11-7. Битолчани успеаја да се консолидираат до крајот на првото полувреме и на пауза да заминат со негатива од само еден гол 15-14.
Гостите подобро го отворија и вториот дел и во еден момент имаа и плус три 21-24 резултат по кој се изгледаше дека успеаја да го урнат отпорот на противникот. Сепак, охриѓани со неверојатно борбена игра во последната минута влегоа со негатива од само еден гол 25-26. Табоада беше прецизене и донесе водство од два гола за „пелистерци“, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Јосип Периќ со седум гола, додека кај Охрид по шест запишаа Шилегов и Додиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА