Охрид за првпат ќе биде домаќин на трка од Светската серија на ФИНА. Утре, од 12 часот, во водите на Охридското езеро ќе се одржи 10 километарска трка во рамките од ФИНА светската серија 2019. На трката, која е седма од календарот на ФИНА, ќе учествуваат 15 пливачи а меѓу нив се наоѓаат водечкиот во Ултра гран при серијата Евгениј Поп Ацев, победникот на „големиот маратон“ во Охрид, Аксел Рејмонд како и серија други реномирани светски пливачи.„
„Трет пат во краток временски период благодарание на соработка со ФИНА домаќини сме на светската пливачка елита. Охрид прв пат во својата историја е домаќин на натпреварување во пливањето од ваков вид. Ветеното како Пливачка федерација на Северна Македонија ние го исполниме и останува уште пливачите да го кажат последниот збор на утрешната трка. Горди сме што ќе имаме вистинска и здрава конкуренција на маратонот на 10 километри од светската серија“ – изјави претседателот на ПФСМ, Александар Маленко.
Делегатот на ФИНА, Жан пол Нарс ја пофали работата на ПФСМ и одличните ортанизирани маратони во рамките од Лен Купот на 10 километри и Ултра серијата на 25 километри.
„Мило ми е што можам да соработувам со луѓе какви што има има во македонската куќа на пливањето. Се е под конец, ја разбираат работата и нам многу ни е лесно да оцениме работата. Конкуренција е светска и мислам дека ќе биде спектакуларен маратон на 10 километри“ – истакна делегатот од Франција.
Делегат за безбедност на пливачите ќе биде Тања Богомилова од Бугарија, додека лекарскиот тим ќе го предводи Јан Гордо со безрезервна поддршка од Црвениот Крст од Охрид.
По трката во Охрид, во рамките на ФИНА серијата потоа следуваат трките во Тајпеј и Хангжу во Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА