Охрид рутински до победа над Пролет

Охрид рутински славеше на домашен терен над Пролет со резултат 28-19, на тој начин одмаздувајќи му се на скопскиот клуб за поразот во првиот круг од плејофот. Со овие бодови, охриѓани остануваат во игра за четвртото место на табелата кое води во Европа, моментно се петтопласирани, со два бода предност во однос на Тиквеш пред нив.

Дуелот почна со израмнета игра во која охриѓани брзо поведоа со 4-2, но Пролет предводен од искусните Андоновски и Василевски се врати и израмни на 4-4. Охриѓани стигнаа до „плус три“ по првото исклучување на Ласко Андоновски кај Пролет (10-7), а по новото сомнително исклучување на капитенот на гостите, Охрид ја зголеми позитивата до 12-8, резултат со кој се замина на полувреме. Вториот дел почна со фуриозна игра на домаќините, кои отворија со серија од 4-0 пред Палевски да стрела прецизно за Пролет во 38. минута.

Остатокот од мечот беше рутина за охриѓани, кои знаеја како да го контролираат мечот, со цврста одбрана целосно исфрлајќи ги од ритам гостите од Скопје. Охрид во 50. минута стигна и до двоцифрено водство (23-13), одржувајќи ја убедливата предност се до конечните 28-19.

Шешиќ ги предводеше стрелците на победничкиот тим со шест гола, пред Андоноски и Бојаниќ со по пет погодоци, додека пет гола за Пролет постигна капитенот Ласко Андоновски.

Се вчитува...