Ракометарите на Охрид забележаа нова победа во Супер лигата, пред своите гледачи славејќи во 8. коло против Прилеп со 30-28 (17-13).
За охриѓани ова е петта победа, покрај реми и пораз, во седмиот нивни натпревар сезонава со која со 15 бода се пробија сега на третата позиција на табелата веднаш зад Пелистер и Пролет.
Од самиот почеток домашните јасно навестија дека размислуваат само на победа, па на полувремето веќе дојдоа до четири гола разлика. Со почетокот на вториот дел се повеќе се зголемуваше предноста па во еден момент Охрид стигна и до предност од осум гола (22-14).
До крајот само рутински се одржуваше предноста, иако гостите успеаја да стигнат до поднослив пораз (30-28).
Најефикасни во победничкиот тим беа Блажески со 9 гола и Димитријески и Кљајиќ со по 5 постигнати погодоци, а одличен на голот беше и Александар Стојаноски. Кај гостите најпрецизен беше Јанчев со 8 гола.
Во следното коло Охрид гостува во Битола против екипата на Пелистер.
ФОТО: www.ohridnews.com.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА