Ракометарите на ГРК Охрид стигнаа до нова победа во домашниот шампионат, откако вечерва на гостувањето кај Струга во „Езерското дерби“ славеа со 23-29 во меч од 13. коло од Суперлигата на Македонија.
Гостите фуриозно го стартуваа натпреварот и веќе на полувреме имаа двоцифрена предност од 8-18. Во вториот дел младите стружани успеаја само да го ублажат поразот и на крајот да стигнат до пристојна негатива од 23-29.
Стефан Петриќ и Никола Ристески со по пет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените по пет погодоци постигнаа Ахмед Мајдоуб и Стефан Атанасовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

