Охрид само со „полесен тренинг“ на гостувањето во Радовиш

Ракометарите на Охрид апсолутно без никакви проблеми ја запишаа и 14-та победа сезонава во Суперлигата на Македонија. Охриѓани очекувано убедливо славеа со 14-37 на гостувањето против Радовиш.

Па, Охрид на паузата заминува на делба на третата позиција на табелата, со 29 бода, колку што има Алкалоид, а зад Вардар и Е. Пелистер.

Уште од самиот почеток беше јасно кој е кој на дуелот, па гостите на пауза заминаа со 7-15. Второто полувреме беше само рутина за конечна победа.

Лиапис и Кукуловски со по седум гола беа најдобрите во победничкиот тим, а Трајанов заврши со четири погодоци кај домашните.

Се вчитува...