Охрид се раздели со тренерот Џигероски, Аце Толески ќе го води тимот

Второлигашот Охрид, по поразот од Вардар Неготино на домашен терен во 4. коло од Втората македонска фудбалска лига, одлучи да се раздели со тренерот Пеп Џигероски.

Како што информираат од раководството на клубот, до именувањето на новиот шеф на стручен штаб тимот ќе го води досегашниот асистент Аце Толески.

„ГФК Охрид Лихнидос му се заблагодарува за соработката на доскорешниот тренер Пепи Џигероски. Му пожелуваме многу успех и среќа понатака. До пронаоѓање на решение екипата ќе ја води доскорешниот помошен тренер Александар Толески“ – се вели во информациите од ГФК Охрид.

Се вчитува...