Охрид се раздели со Толески, Џигероски се враќа на тренерската функција!?

Второлигашот Охрид одлучи да се раздели со шефот на стручниот штаб Александар Толески.

Охриѓани новата второлигашка сезона ќе ја очекуваат со нов тренер, откако денеска и официјално ја прекинаа соработката со досегашниот стратег.

„Од денеска г-динот Александар Толески престанува да ја врши функцијата тренер во клубот. Му се заблагодаруваме на чесниот и достоинствен однос кон боите на клубот. Максимално учествуваше во давањето поддршка на младите играчи од нашиот град, што крајно е наша врвна цел, а ние како управа ги донесовме во клубот, можеби резултатите не беа на наше очекувано ниво. Ние како клуб сакаме да воведиме нова енергија во тимот, а тоа се прави со промени за воведување позитивна атмосфера. Аце сигурно во иднина ќе има шанса пак да ја води екипата, затоа што како човек и тренер го заслужува тоа!“ – се вели во информацијата од ГФК Охрид.

Според информациите од Охрид, како нов тренер се најавува Пепи Џигероски кој ги водеше охриѓани пред именувањето на Толески.

Се вчитува...