Ракометарите на Охрид се вратија на победите во Суперлигата, по претходните три победи, триумфирајќи на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш со 20-24.
Охриѓани победата ја најавија уште во првиот дел, кога примија само шест гола, заминувајќи на пауза со предност од 6-14.
Во второто полувреме се одржуваше водството на гостите, а Тиквеш единствено успеа да го ублажи поразот.
Најефикасен во победничката екипа беше Теимураз Орјоникидзе со девет гола, шест запиша Гал Цирар, а голманот Даниел Ѓорѓески натпреварот го заврши со 12 интервенции. Кристијан Анастасовски со седум погодоци беше најдобар кај домашните.
За Охрид ова беше втора победа во плеј-офот, додека Тиквеш е на една победа во разигрувањето за титулата, односно во битката за Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА