ГРК Охрид продолжува да ги засилува своите редови, во обидот да дојде до највисоките цели идната сезона. Нов ракометар на тимот е македонскиот репрезентативец Давид Савревски.
22-годишниот десен бек го стави потписот на договорот на две години.
Тој доаѓа од тимот на Алкалоид после три сезони и настапи во Европските купови, каде во штотуку завршената сезона го освои и ЕХФ Европскиот куп, а претходно играше и за Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

