Ракометниот клуб Охрид го промовираше хрватскиот репрезентативен пивот како свое ново засилување за продолжението од сезоната во македонската Суперлига.
25-годишниот Прибетиќ, кој со Охрид потпиша до 2028 година, доаѓа од најсилната ракометна лига во светот- Германија, каде настапуваше за Штутгарт. Претходно има настапи и за Нексе, а има и настапи за репрезентацијата на Хрватска.
„Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот и ми претставува особена чест што сум тука. Се радувам на работата со нова екипа и нови предизвици кои не очекуваат во оваа полусезона и верувам дека ќе ги оствариме заедно со навивачите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот“ – изјави Прибетиќ по промоцијата во дресот на охриѓани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

