Ловро Јотиќ е ново засилување за ракометниот клуб Охрид. Хрватскиот репрезентативец (194cm, 95kg) кој има 29 години игра на позицијата среден бек. 23 Јотиќ потпиша со ГРК Охрид најмалку до 2026 година.
Доаѓа од екипата на Нексе Нашице од Хрватска, а пред тоа го носеше дресот на бундеслигашот Лајпциг, настапуваше во македонското првенство за Вардар и Еурофарм, како и во данскиот шампион Алборг и хрватскиот шампион Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА