Откако вчера обезбеди место во Суперлигата, АВ Охрид веднаш се засили со уште еден кошаркар за настапите во плеј-офот. Охриѓани го ангажираа 30-годишниот Мирза Ахметбашиќ, репрезентативец на Косово роден во Босна и Херцеговина.
По повредата на капитенот Антонио Донесе охриѓани мораа да се засилат на надворешната линија, па изборот падна на Ахметбашиќ.
Првиот натпревар на АВ Охрид во Суперлигата е утре од 17 часот против Работнички, кога и новото засилување ќе го има првиот настап во новиот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА