РК Охрид го дополни играчкиот состав со три нови засилувања пред стартот на новата сезона во домашната Супер лига. Нови имиња во охридскиот тим се бековите Борче Соколов и Лазар Петровиќ и голманот Јагош Брауновиќ.
Соколов и претходно две сезони настапуваше за РК Охрид и сега одново се враќа во составот, а Петровиќ и Брауновиќ го дополнуваат ростерот на десната бековска и на голманската позиција.
Преходно, РК Охрид ја продолжи соработката со Крсте Андоновски, Иван Тасески, Бобан Блажески и со Славиша Димитријески, а ново име е Златко Везенковски кој дојде од Пелистер.
Тренерот Горан Андоновски, првата прозивка пред стартот на подготовките за новата сезона ќе ја има на 8 август.
фото: Ohridnews
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА