Охрид со четири нови засилувања заврши со трансфери во зимскиот преоден рок

Второлигашот Охрид промовираше нови четири имиња со кои ги затвора активностите во зимскиот преоден рок.  Старо-нов фудбалер на Охрид е Стефан Петрушевски, кој меѓу „рибарите“ се врати од екипата на Велешта. Кам-бек во Охрид направи и Љупчо Илијески, а нови имиња се Атдхе Мазари и Дамјан Божиновски.

Претходно, охриѓани се засилија со Роберт Митев. Фудбалерите на Охрид се наоѓаат во завршниот дел од подготовките за втората полусезона во Втората МФЛ. „Рибарите“, в сабота, на домашен терен против Велешта ќе го одиграат последниот контролен натпревар.

Во првата рунда од пролетниот дел во второлигашката конкуренција Охрид, на СРЦ „Билјанини Извори“ силите ќе ги одмери со Кораб од Дебар.

 

Петрушевски и Илијески се вратија во Охрид, а клубот со промоција на Мазари и Божиновски го затвори ростерот и стави точка во зимскиот преоден рок.
.
.
.
#напредохрид

Posted by ГФК Охрид Лихнидос on Thursday, February 18, 2021

Се вчитува...