Охрид прокнижи нови бодови на суперлигашката табела откако „сино-белите“ рутински ја оправдаа фаворитската улога против Пролет, славејќи со конечни 30-20. Гостите од Скопје сосема солидно парираа во првото полувреме, но Охрид ја демонстрираше својата сила во вторите 30 минути и стигна до убедлива победа.
Првиот дел мина во израмнета игра, Пролет последен пат водеше со 2-3, но избраниците на Матлиески целосно му парираа на фаворитот, играјќи израмнето до 9-9, потоа и до 11-11, за охриѓани на крајот сепак да го завршат полувремето со предност од 13-11 со головите на Стрмљан и Ојлески. Сите дилеми околу победникот беа решени за помалку од десет минути игра во вториот дел откако Охрид се одлепи на 19-13, а потоа и дополнително ја зголеми предноста до конечните 30-20.
Бојан Блажески беше одличен на голот на Охрид со 17 успешни интервенции, додека најефикасни во таборот на победничкиот тим беа Ојлески со осум и Крсманчиќ со пет погодоци. Прв стрелец на Пролет беше Андреј Стојановски со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

