Охрид со гостински триумф против Бутел го почна плеј-офот во Суперлигата

Ракометарите на Охрид го совладаа Бутел на гостувањето во Скопје во натпреварот од првото коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија.

На дуелот кој се одигра во салата „Антон Димитров“, охриѓани славеа со 22-28 (10-11).

Најефикасни во редовите на Охрид беа капитенот Ојлески со осум погодоци, а одличен беше голманот Пилиповиќ со 12 одбрани. Ѓукиќ заврши со шест погодоци, а Стрмљан и Иванковиќ постигнаа по четири гола.

Во следното коло од плеј-офот ГРК Охрид го пречекува Алкалоид во „Билјанини извори“ во Охрид.

Се вчитува...