Екипата на Охрид донесе две значајни засилувања во пресрет на вториот дел од сезоната, потпишувајќи договори со голманот Филип Ивановски и со десниот бек Стефан Трпчевски.
Ивановски во охридскиот состав доаѓа на позајмица од лидерот Еурофарм Работник, додека Трпчевски во Охрид се пресели од таборот на Струга.
Охриѓани во продолжението од сезоната во месец март ги очекува тешка битка за место во плејофот, а двајцата нови ракометари сигурно ќе му бидат од помош на тренерот Андоновски во борбата за Топ4 во Супер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА