Охрид со победа над Куманово го почна турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Охрид славеа пртив МРК Куманово на првиот натпревар на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

Избраниците на Стевче Алушовски триумфираа убедливо со 32-21 откако на полувремето беше само 15-13 за охриѓани.

Гал Цирар со пет гола беше најдобар кај победникот, а Рудолф Сафранко и Крсте Андоновски имаа по четири реализации, додека кај МРК Куманово се истакна Чиао Винисиус со десет постигнати гола.

ФОТО: РК Прилеп/Андреј Ристески

Се вчитува...