Охрид со победничка „честитка“ за „Рибари“

Екипата на Охрид славеше над Пролет со резултат 29-28, одмаздувајќи му се на незгодниот ривал за поразот во првото коло од суперлигашката сезона. Дополнителен мотив за охриѓани беше што нивната навивачка група, популарните „Рибари“, денеска славеа 30 години од своето постоење, јубилеј „зачинет“ со значаен триумф за тимот на Раде Стојановиќ.

Гостите од Скопје се обидоа да сторат нешто повеќе, но Охрид беше подготвен за овој натпревар, наметна темпо со кое го контролираше резултатот и не дозволи избраниците на Матлиески да ги замрсат сметките. Иако конечната разлика е само еден гол, треба да се истакне дека домаќините пред крајот имаа „плус пет“, а Пролет во самата завршница се изборат за минимален пораз.

Нај

Се вчитува...