Охрид со сензационална победа го шокираше Еуро Никел!

Кошаркарите на Охрид приредија вистинска сензација триумфирајќи во 18. коло од Првата македонска кошаркарска лига против Еуро Никел пред своите навивачи со 77-71.

Охриѓани, кои низ претходнте 17 натпревари во лигата имаа само три победи, сега тотално го надиграа третопласираниот тим на Еуро Никел за заслужена победа на крајот.

Максимално израмнето се играше на натпреварот без предност за ниту една од екипите на полувремето. Но, домашните во вториот дел извонредно знаеја да контролираат се на паркетот максимално користејќи ги своите шанси. Со одлична одбрана Охрид дојде до предност од пет поени во финишот, за на крај заокружено за заслужена победа.

Димовски ги предводеше охриѓани до победата со 19 поени и седум скока, а одличен беше и Лајонс со 14 поени и 13 скока, 15 поени запиша Бревер а 14 поени дополни Андерсон. Кај Еуро Никел, Дубински постигна 19 поени а Меквен заврши со 18 поени.

Еуро Никел остана на третото место со 12 победи и сега шест порази, зад МЗТ Скопје и Работнички, а Охрид дојде и до четвртата победа, наспроти и 14 порази.

Се вчитува...