Охрид со триумф го стартуваше турнирот „Крсте Андоновски“

Ракометарите на Охрид забележаа убедлив триумф над екипата на Киндил од Фарските Острови 39:25 на отворањето на IV издание на турнирот „Крсте Андоновски“ што се игра во салата “Билјанини извори” во Охрид.
Најефикасен на натпреварот беше Дејан Кукуловски со 5 постигнати гола, а воедно беше и прогласен за МВП на натпреварот.
Претходно Вардар исто така стартуваше со триумф, додека во овој момент играат Партизан и Нексе.

Се вчитува...